10+ Најдобри Казино Бонуси во Македонија

  • 25 Сеп 2024
    12 минути читање

Онлајн казината привлекуваат нови играчи преку различни тактики. Една од тие тактики се казино бонуси. Промоциите ќе ви бидат достапни веднаш откако ќе креирате профил на некоја страна за коцкање што нуди такви бонуси.

Како и општите правила на игра, секој од најдобрите казино бонуси има услови. Морате да ги исполните доколку сакате да ги користите. Некои од овие правила можат да бидат комплицирани.Затоа, нашиот тим на експерти ќе ви помогне подобро да се запознаете со нив. Најпрвин, ќе објасниме што е тоа онлајн казино бонус. Потоа, ќе наброиме неколку начини преку кои можете да ги најдете најдобрите промоции. На крај, ќе се осврниме на нивните правила на користење.

Содржина

Што е онлајн казино бонус?

Онлајн или интернет казино бонус е промоција која ја нудат страните за коцкање. Операторите имаат една цел преку казино бонусите – да привлечат нови играчи на нивните платформи. Преку овие награди, добивате гратис средства за обложување (бонус кеш) или бесплатни спинови. Тие ги користите на дозволените игри и со тоа имате шанса да ги зголемите придобивките.

Има два типа на промоции – казино бонуси со депозит и казино бонуси без депозит. Како што самите дефиниции сугерираат, разликата е во тоа што едниот тип бара да уплатите средства на вашиот профил, а другиот не.

Најпознатата промоција со депозит е казино бонус при регистрација (бонус за добредојде). Откако ќе креирате профил и ќе уплатите средства за прв пат, казиното ќе ја надополни вашата сума (50%, 100%, 150%, итн) и ќе ви прати плус пари за коцкање.

Од друга страна, трите типа на промоции без депозит кај повеќето онлајн казина се бесплатни спинови, бонус средства и кешбек.

Сите сајтови за онлајн казино игри си поставуваат правила за добивање и користење на овие казино бонуси. Дел од тие правила се:

  • Минимален депозит
  • Дозволени игри
  • Лимит на бонус средства
  • Максимална добивка со бонус
  • Максимална исплата на добивки со бонус
  • Период на обрт на бонус
  • Обртни барања/број на изигрувања
  • Потреба за внесување посебен казино бонус код

Еден дополнителен и посебен тип на промоција се програмите за лојалност (ВИП програми). Тие во себе вклучуваат елементи од казино бонуси со и без депозит. Голем дел од наградите што членовите на овие програми ги добиваат се без депозит.

Но, за да сте член на овие програми и да го подобрувате вашиот статус, морате да играте со ,,вистински” пари, односно пари ко не се добиени од бонуси. Со други зборови, морате редовно да уплаќате средства и да ги користите за да играте.

Каде да ги најдам најдобрите казино бонуси за Македонци?

Нормално, секој играч сака да има пристап до сите најдобри казино бонуси во Македонија. Но, каде можете да ги најдите? Нашиот експертски тим тука повторно влегува во игра. Ние детално ги проучуваме казината во Македонија, заедно со нивните бонуси.

Потоа, ги тестираме овие бонуси и гледаме колку е лесно да се добијат, да се користат и да се исполнат нивните услови. На крај, пишуваме детални рецензии и ви помагаме да одлучите дали тие казино бонуси ви ги исполнуваат преференциите.

Сепак, вашите барања имаат огромна улога во бирањето топ онлајн казино бонуси. Нема никаква смисла да земате одредена промоција, а да не сте во можност да ја искористите на вашите омилени игри.

Во Македонија има два лиценцирани оператори од Државната Видеолотарија – 2win.mk и Megawin.mk. Дополнително, има уште неколку сајтови кои работат со сублиценца издадена од Видеолотарија на Македонија. Тие се официјалните интернет казина чијашто легалност во последно време е доведена во прашање и останува да се види дали и како ќе продолжат да постојат.

Има и солиден број лиценцирани странски сајтови кај кои можете да се регистрирате и да ги користите нивните промоции и казино бонуси. Ние ги тестираме овие сајтови со цел да заклучиме дали се безбедни за вас или не.

Така да, слободно разгледувајте ја нашата страна и обрнете внимани на сите наши новости. На тој начин, константно ќе ги имате најновите информации за сите најдобри онлајн казино бонуси за Македонија.

Зошто е добро да земеш казино бонус?

Добрите казино бонуси за македонски играчи имаат доста предности. Нивната главна цел е да го подобрат вашето искуство кај одреден сајт за коцкање. Токму тоа можат да го постигнат доколку знаете како да ги користите.

Дел од нивните предности се:

  • Можност за добивање награди без депозит
  • Пристап до многу игри со минимални влогови
  • Шанса за добивање повисоки награди
  • Добро запознавање со нов сајт преку казино бонус за нови играчи

Некои негативни страни на онлајн казино бонуси

Сепак, ние целиме да сме транспарентни и искрени во секое време. Затоа чувствуваме дека е наша должност да ги изнесиме и негативните страни на речиси секој бонус за онлајн коцкање.

Во овој конкретен случај, предностите ги пречекоруваат недостатоците. Но, тоа не значи дека не треба да се запознаете со другата страна. Некои негативни аспекти на бонусите се:

  • Барањата за обрт можат да бидат многу високи
  • Периодот на обрт на бонус може да биде краток
  • Не секогаш бонусот можете да го користите на ваши игри

Како да добиеш онлајн казино бонуси?

Процесот на добивање онлајн казино бонуси е прилично едноставен. Во себе вклучува неколку едноставни чекори. Овие чекори ќе можете да ги завршите во неколку минути. Еве што треба да направите.

Прв чекор – одберете казино со ваши преферирани бонуси

Разгледајте ја нашата страна и прочитајте ги нашите рецензии. Направете мала листа на казина со бонуси кои ги исполнуваат вашите барања. Детално проучете ги сите сајтови и одберете еден кој е најдобар според вас.

Втор чекор – регистрирајте се на официјалната страна

Отворете ја официјалната веб страна на онлајн казиното. Започнете го процесот на регистрирање. Пополнете ги сите дадени полиња. Потоа, прифатете ги правилата на игра. Потврдете дека имате барем 18 години и комплетирајте го процесот.

Трет чекор – одберете платежно средство и направете депозит

Разгледајте ги платежните средства и одберете еден кој најмногу ви одговара. Проверете која е минималната граница за уплата. Некои средства имаат повисоки граници, некои пониски. Секој депозит кај казината е инстантен. Внесете сума и уплатете ги средствата.

Четврт чекор – внесете код и чекајте вашиот бонус да биде префрлен

Некои казино бонуси за Македонија бараат да внесете код. Доколку се бара код, лесно ќе го забележите полето каде што треба да го внесите. Откако ќе го внесите кодот, казиното веднаш ќе ви го префрли бонусот. Доколку кодот не е потребен, автоматски ќе го добиете кодот откако ќе направите депозит.

Најпопуларни типови на казино бонуси онлајн

Претходно кажавме дека генералната поделба на промоциите вклучува два типа – промоции со и без депозит. Во овој дел ќе навлезeме малку подетално кон секој популарен тип на бонус и ќе објасниме сѐ што треба да знаете за нив.

Казино бонус за нови играчи

Како што самиот термин налага, казино бонус за нови играчи е достапен само за оние кои штотуку се регистрирале. Сајтот за коцкање ви го дава бонусот веднаш штом уплатите средства на вашиот профил.

Притоа, минималната сума која треба да ја уплатите не мора да биде еднаква со генералната минимална уплата на казиното.

Казино бонус без депозит

Вториот тип на промоција е казино бонус без депозит. Во овој случај, сајтот за коцкање ви префрла бонус пари откако ќе се регистрирате. Не ќе сте во можност овие средства да ги исплатите. Напротив, мора да ги искористите на дозволените игри.

Почетен бонус пакет

Почетните бонус пакети, исто познати како пакети за добредојде, вклучуваат бонус средства и бесплатни спинови. Најчесто, средствата ќе можете да ги користите на било кои игри. Но, спиновите се ограничени само на некоја група на слотови.

Бонус при уплата / депозит бонус (50%, 100% или 150% бонус на сумата на уплата)

Бонусот при уплата е промоција која ви налага да направите депозит. Овој тип на награда функционира многу едноставно – вие уплаќата, а казиното ви дава одреден бонус на сумата. Тој бонус може да биде 50%, 100%, 150% или повеќе.

Бесплатни спинови

Спиновите се екслузивен бонус само за слотови. Некои казина ги нудат како бонус без депозит. Други можат да ги нудат како бонус со депозит. Понекогаш, спиновите се нудат како награди во ВИП програми.

Бесплатни средства

Бесплатните средства се често дел од ВИП програми. Казиното може да ви додели бесплатни средства доколку достигнете ново ниво во програмата. Слично како и бонусот без депозит, овие средства не ќе можете да ги искеширате.

Напротив, мора да играте со нив и откако ќе ги исполните условите, ќе можете да ги искеширате потенцијалните добивки.

Кешбек бонус

Кешбек бонусите се исто така промоции без депозит. Казината ги доделуваат дневно, неделно или месечно. Преку овие награди, казиното ви враќа процент од загубата во одреден период. Добиените средства мора да ги користите на одредени игри и не можете да ги искеширате.

Екслузивен бонус

Екслузивни бонуси се уникатни промоции за одредена група играчи. На пример, одредени пакет бонуси се достапни само за македонски играчи. Со овие бонуси, онлајн казината ја локализираат својата услуга и овозможуваат подобро искуство.

Онлајн казино кодови

Казино бонус код често отклучува уникатна промоција. Таа промоција може да биде од било каков тип – бонус средства, бесплатни средства, бесплатни спинови, итн. Сè што треба да направите за да ги добиете овие бонуси е да го внесите кодот во зададеното поле.

ВИП казино бонуси

Програмите за лојалност или ВИП програми нудат доста бенефити. Дел од тие бенефити се ВИП казино промоции.  Овие промоции вклучуваат повисоки бонуси при уплата, повеќе спинови, повисоки кешбек бонуси, итн.

Мобилен казино бонус

Мобилните казино бонуси се тип на промоции кои се достапни само на мобилни уреди. Преку нив, казината ги промовираат нивните платформи за смартфони. За да ги добиете, мора да се логирате на вашиот профил (и да направите депозит) од мобилен телефон.

Казино промоции за регистрирани играчи

Промоциите за регистрирани играчи ги опфаќаат сите бонуси кои се наведени до сега. За да ги добиете ваквите награди, мора да сте регистриран играч на одреден сајт за коцкање. Некои од овие бонуси се еднократни, некои се достапни цело време.

Спортски бонуси/бонуси за спортско обложување

Последниот тип на бонус се спортски бонуси. Одредени сајтови за коцкање во себе инкорпорираат и секции за обложување на спорт. Бонуси при уплата се најчест тип на спортски бонуси.

Интернет казино бонус правила што треба да ги знаеш

Како што напоменавме неколку пати досега, сите онлајн казино бонуси си имаат правила на користење. Доколку сакате да ги уживате нивните бенефити, мора да се придржувате до тие правила. Со оглед на тоа дека целта ни е да ви помогнеме да се запознаете со бонусите, ќе наведиме и ќе објасниме некои правила кои треба секој играч да ги знае.

Максимална вредност на бонус

Ова правило ви сугерира која е максималната граница на бонус средства. На пример, гледате 100% бонус на уплата до 10.000 денари. Тоа значи дека ако уплатите 100 денари, ќе добиете уште 100. Но, ако уплатите 11.000 денари, ќе добиете бонус 10.000 затоа што тоа е горната граница.

Максимална исплата од бонус акција

Да претпоставиме дека играте со казино бонус кој вика дека неговата максималната исплата е 10.000 денари. Ако добиете поголема награда и сакате да ја исплатите во целост, казиното нема да ви дозволи.

Дозволени игри

Во огромен број на случаи казино бонусите се ограничени на одредени игри. Пример, спиновите се достапни само на одредени слотови, а некогаш кешбек бонусите се достапни само на рулет, блекџек или покер. Секое казино има посебни правила во однос на дозволените игри.

Максимален облог со бонус средства

Ова правило е често во бесплатни спинови. На пример, да речеме дека играте слот во кој максималниот облог е 200 денари, но правилата на бесплатните спинови викаат дека максималниот облог е 50 денари. Тоа значи дека ако играте со бонусот, не ќе можете да обложите никаква сума повисока од 50 денари, освен ако не играте без бонус.

Рок за искористување

Рокот на искористување ви налага да го употребите бонусот во одреден рок. Во спротивно, казиното ќе го одземе бонус средствата или спиновите. На пример, бесплатните спинови најчесто имат важност од 24 или 48 часа од моментот кога ќе ги добиете.

Рок за исполнување на условите

Доколку добиете некоја парична награда додека го користите бонусот и сакате да ги исплатите средствата, мора да ги исполните сите услови на тој бонус. Секое казино дава одреден период во кој мора да ги исполните сите барања и ако не го исполните, сајтот ќе го одземе бонусот и парите кои сте ги добиле со тој бонус. На пример, може да имате 30 денови да исполните обртни барања од 35 пати. Доколку не го направите тоа, нема да може да ги добиете парите од бонусот.

Обртни барања/број на изигрувања

Обртните барања или број на изигрувања се најкомплициран дел од секој бонус. Да претпоставиме дека имате бонус на уплата од 100% со минимален депозит од 50 денари и 20х обртни барања. Тоа значи дека ако сакате да исплатите добивки со бонусот, мора да изиграте вкупно 1.000 денари (множење на бонус кеш со обртни барања).

Бесплатните спинови исто имаат обртни барања, но тие се однесуваат на добивката од бонусот. Па така, доколку освоите со бесплатните спинови 1.000 МКД, ќе треба да изиграте 1.000 х 20 пати обртни барања односно 20.000 МКД за да се квалификувате за исплата.

Процентен принос

Не секоја игра има еднаков принос кон обртните барања. На пример, правилата на бонусот викаат дека слотовите имаат 100% принос, но блекџек има 50%. Тоа значи дека кога играте слотови, секој еден денар што го вложувате (а не се бонус средства), допринесува како еден денар кон обртот. Но, секој еден денар на блекџек, допринесува 0,5 денари кон обртот.

Географски ограничувања

Одредени бонуси се екслузивни само за играчи од Македонија. Тоа значи дека ако не сте во државата, не ќе сте во можност да го добиете. Ова не значи дека бонусот е екслузивен за Македонци, туку за играчи кои моментално играат во територијата на државата.

Дозволени начини на уплата

Понекогаш, казината можат да ви дозволат да направите депозит со дебитна картичка, но нема да префрлат бонус. Дозволен начин на уплата и дозволен начин на уплата за бонус се две различни нешта. Доколку правилата на бонусот викаат дека одредено средство е недозволиво, тогаш не ќе сте во можност да уплатите и да ги црпите бенефитите од промоцијата.

Дали вреди да се земе казино бонус онлајн?

Едно од најчестите прашања поврзани со сите најдобри казино бонуси за Македонија е дали вредат. Одговорот е да, но само ако знаете како да ги користете. На пример, доколку некој бонус е екслузивен само за игри во живо, а вие не сте запознаени со нив, нема смисла да го користите.

Тука едноставно ја ризикувате вашата сметка. Понатаму, доколку бонусот има високи обртни барања, тогаш исто не вреди да вршите уплата за да го добиете. Обртните барања само ќе ве натераат да уплатите и да коцкате поголеми суми од тие што сте ги предвиделе.

Така да, доколку сугерираат дека се достапни за вашите омилени игри и дека се лесни за исполнување, тогаш вреди да го земете.

Зошто онлајн казино операторите даваат казино бонуси?

Причината поради која сајтовите за коцкање нудат казино бонуси за Македонци е многу едноставна. Преку промоциите, страните можат да привлечат повеќе луѓе. Заради тоа и често ќе забележите дека нови казина обично имаат фантастични бонуси.

Таа стратегија е добро позната и еднакво ефективна за зголемување на нивната популарност. Во овој случај и играчите се победници бидејќи добиваат пристап до фантастични награди.

Најнови објави